Заев и Филипче со претставници на Синдикатот на Клинички разговараа за зголемување на платите

Од:

Претседателот на Владата Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, имаа средба со претставници на Синдикатот на Клиничкиот центар, на која разговараа за можностите за покачување на платите на здравствените работници.

Како што информираат од Владата, на средбата, било разговарано дека по првиот квартал, со ребаланс на буџетот може да се планира и дополнително зголемување на платите на здравствените работници, зависно од можностите, за што разговорите ќе продолжат.

Премиерот Заев и министерот Филипче објаснија дека Буџетот е изгласан во Собранието, но дека постои разбирање за здравствениот персонал, согласно ветувањата во програмата за кои се вложуваат сите напори да бидат реализирани до 2020 година.

До сега здравствените работници добија зголемување на платите за 5 отсто во септември 2018 година, зголемување на надоместот за дежурствата, а специјализантите за првпат земаат надоместок и се платени за својата работа. Во јануари 2019 следи зголемување за дополнителни 10 отсто за докторите специјалисти, 5% за општите лекари, 5% за медицинските сестри, а во септември 2019 година за останатите административни работници во здравството.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+