Татко и два сина обвинети за напад на полицајци во Шуто Оризари

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против три лица кои нападнале шест полициски службеници кои повикале пајак служба да отстрани неправилно паркирано возило сопственост на еден од обвинетите.

-Обвинети се татко и неговите два сина, кои на 15 септември годинава на панаѓур во населба Шуто Оризари, заедно нападнале и телесно повредиле шестмина униформирани полициски службеници од ПС Чаир кои заради нормално одвивање на сообраќајот, повикале пајак-служба која пристигнала и пристапила кон отстранување на автомобилот „фолксваген пасат“, сопственост на еден од обвинетите. Тој влегол во возилото, го стартувал и тргнал напред, при што удрил во оштетените полицајци, нанесувајќи им телесни повреди, информираат од ЈОРМ.

Еден полициски службеник преку отворениот прозорец се обидел да го отклучи автомобилот и да го спречи обвинетиот во натамошните дејствија. Обвинетиот излегол од возилото и заедно со брат му и уште неколку други непознати лица физички ги нападнале полициските службеници, удирајќи ги со тупаници по главата и телото и нанесувајќи им телесни повреди.

Откако на помош пристигнале и други полицајци и обвинетите биле обезбедени, пристигнал нивниот татко, кој исто така започнал физички да се пресметува со полициските службеници.

Би можело да ве интересира

Малолетници избоделе жител на Студеничани, со тешки повреди сместен во болница

Катерина Ѓуровски

Сараево: Полицијата претресуваше канцеларија на обвинител кој е под сомнение дека им открива тајни на криминалци

Турските власти издадоа налози за апсење на неколку опозициски функционери

Малолетници се пукачите со автоматска пушта во куќа на тетовец

Турските власти уапсија 61 воен офицер во операција против организацијата ФЕТО

Горан Наумовски

Полицијата бркаше пијан возач во Нови Сад, тој го смачка скапиот „мерцедес“

А1он