Од 1 јануари ќе функционираат дежурни пунктови за деца во поликлиниките Бит Пазар, „Јане Сандански“ и во Ѓорче Петров

Од:

Од 1 јануари ќе почнат да функционираат три дежурни пунктови во Здравствениот дом Скопје и тоа во поликлиниките Бит Пазар, „Јане Сандански“ и во Ѓорче Петров, каде граѓаните најпрво ќе може да побараат здравствена помош за своите деца наместо да одат во Клиниката за детски болести или во Детската болница Козле.

Функционирањето на пунктовите денеска го најави министерот за здравство Венко Филипче, кој го посети дежурниот пункт во Поликлиниката Бит Пазар.

Пунктовите ќе функционираат од понеделник до сабота од 19:30 до 07:30 часот, а лабораториите ќе работат секој ден до 23:30 часот. Во недела пунктовите ќе работат 24 часа, а лабораторииите ќе работат од 8 до 23:30 часот.

Министерот Филипче посочи дека во пунтовите ќе работат искусни лекари дополнително тренирани во сферата на педијатријата кои ќе можат во многу краток период заради близината во однос на местото на живеење да им дадат помош на децата на кои им е потребна. Појасни дека лекарите ќе бидат и во постојана комуникација со дежурните на Детската клиника и Детската болница Козле и по потреба за потешките случаи и на оние на кои им е потребна болничка нега ќе бидат препраќани во овие две институции.

– На овој начин значајно ќе се олесни пристапот кон здравствена заштита за децата. Навистина е мал бројот на педијатри во Скопје и насекаде низ државата. Преземаме мерки со кои тој број ќе се зголеми со прием на нови доктори на клиниките и во Здравствениот дом, понатаму специјализации и едукации, а во моментов се соочуваме и со недостиг на ментори. Покрај тој долгорочен процес кој го спроведуваме за зајакнување на овие капацитети и во овие услови даваме екстра услуга со која значајно ќе се олесни пристапот и ќе се зголеми квалитетот на педијатрискиот сервис на жителите на Скопје, рече Филипче.

Директорот на Здравствениот дом Скопје, Злате Мехмедовиќ рече дека почнале едукација на персоналот кој ќе работи во дежурните пунктови, за да можат поефикасно и постручно да се справат со проблемите од педијатриска природа.

– Во наредниот период очекуваме не само да биде намален бројот на пациенти кон Детската клиника туку и тие да го препознаат овој сервис како вистински и да почнат овие услуги да ги користат многу почесто отколку услугите на таа клиника, додаде Мехмедовиќ.

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ