Новинарите во британската јавна медиумска компанија Би-би-си, ќе стапат во еднодневен штрајк, соопшти денеска синдикатот на новинарите (НУЈ).
Штрајкот ке се одржи идниот понеделник, доколку во текот на следните денови управата на Би-би-си не постигне спогодба со синдикатите околу натамошното укинување на работните места и исплатата на отпремнина за новинарите кои добиваат откази.
Управата на компанијата најави укинување на уште 2.000 работни места, покрај неколкуте илјади што претходно беа укинати во разни сектори.
Со ова затворање на работни места ќе бидат опфатени Би-би-си-Шкотска, Азиската мрежа, Светскиот сервис, како и регионалните станици во Англија.
Претставник на компанијата изрази жалење поради решението за 24-часовен штрајк, несогласувајки се со ваквата одлука на синдикланата унија, за која рече дека е непотребна.
Претставник на новинарскиот синдикат, пак, вината за тоа ја префрли на менаџментот на компанијата и неговата погрешна политика.
– Би-би-си продолжува и понатаму да се расфрла со средствата и да троши државни пари на непотребни отпремнини за луѓето, наместо да обезбеди услови и работа за повторното вработување на оние кои претходно добиле отказ, изјави генералниот секретар на новинарскиот синдикат Мишел Станстрит.