Хуманитарно трчање од Струмица до Гевгелија – за сите кои се борат за здив!

Од:

Хуманитарно трчање денеска ќе се одржи од Струмица до Гевгелија за подигање на свеста за постоењето на ретка белодробна болеста – Пулмонална хипертензија.

Трката ќе започне во 9:00 часот од плоштадот во Струмица, а финиш линијата е во Гевгелија, со должина на патеката од 50 километри. Трасата води од Струмица преку Валандово, Богданци и се очекува да заврши околу 14:30 на плоштадот во Гевгелија.

Велосипедскиот клуб „АКТИВ“, Струмица и Здружението Асоцијација за Пулмонална Хипертензија „МОМЕНТ ПЛУС“ го организираат првото хуманитарно трчање по овој повод што ги поврзува овие два градови, под наслов „Трчаме со Николчо“.

Трчањето е во чест на гевгеличанката Ѓургица Ќаева, како и на сите пациенти кои страдаат од оваа болест.

Маратонeцот – предводник е Николчо Ѓоргиев, кој често ја поддржува оваа иницијатива на сите маратони кои ги трча, со носење маичка со логото и мотото на Здружението – „Остани без здив“. Досега се пријавени 32 учесници кои ќе се приклучуваат од различни окрепни точки по трасата.

Белодробна артериска хипертензија (ПАХ) е прогресивна болест предизвикана од стеснување на белодробната артерија која ги поврзува десната страна од срцето со белите дробови. Пулмоналната хипертензија е сериозно заболување кое прогресивно се влошува со тек на време и понекогаш завршува фатално. Иако пулмоналната хипертензија не е излечлива болест, третманот кој постои ги олеснува симптомите и го подобрува квалитетот на живот.

Во Македонија постојат 15 регистрирани случаи на оваа болест, за која малку се знае. Со цел подигање на свеста за постоењето и борбата на болните, буквално секојдневно за здив, Велосипедскиот Клуб „АКТИВ“,Струмица и Здружението Асоцијација за Пулмонална Хипертензија „МОМЕНТ ПЛУС“ го организираат овој настан, со поддршка на Општина Струмица и Општина Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Хуманитарниот велеслалом Маврово 2024 годинава за поддршка на лекувањето на младиот Леонид Индов

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Ацт Македонија со повик за приклучување во хуманитарната акција

Одржан вториот Ласер ран, донирани средства за лекување на малиот Леонид

Семејството на Кико донираше половина милион денари за респиратор малиот Стефан

Катерина Ѓуровски

Во сабота во спортската сала „Кале“ забава и кошарка во хуманитарни цели

Горан Наумовски