Средба на лидерите на Србија, Бугарија, Грција и Романија во Белград

Од:

Во Белград денеска се одржа третиот состанок оваа година на лидерите на Србија, Грција, Бугарија и Романија, на кој во фокусот беа инфраструктирното и енергетското поврзување, приоритетите на романското председавање со ЕУ наредната година и подршка за евроинтеграциите на земјите од регионот.

На средбата одлучено е да се формира „иницијативен организационен комитет“ за кандидирањето на овие четири земји за домаќини на Европското првенство во фудбал во 2028 и за Светското првенство во 2030 година.

Домаќинот на средбата, српскиот претседател Александар Вучиќ на заедничката прес-конференцијата со премиерите на Бугарија, Бојко Борисов, на Грција, Алексис Ципрас и на Романија, Виорика Данчила по квадритералата, најави дека наскоро ќе биде завршен западниот и источниот крак на Коридорот 10 од Србија кон Македонија и Грција.

– Разговаравме и за унапредување на железничката инфраструктура. Очекувам да донесеме одлука, за она за што вчера разговарав со Алексис Ципрас, поврзано со железничката инфраструктура до Врање и границата… и верувам дека ќе пронајдеме доволно интерес и пари, заедно со Скопје, да влеземе во таа инвестиција, бидејќи тогаш патот до Солун и до Атина и Пиреја би имал голем значење, изјави Вучиќ.

Грчкиот премиер Ципрас истакна дека е договорено на најдобар начин да се искористат европските фондови и влоожувањата на САД и Кина во регионот за инфраструктурното поврзување.

– Би сакал да го потенцирам конкретниот проект, железничкото поврзување од Солун, преку Скопје и Белград, до Будимпешта, проект кој, како што вчера разговаравме со српскиот претседател, ќе се забрза по ратификација на Преспанскиот договор, изјави Ципрас, кој додаде дека е разговарано и за поврзувањето на Александруполис со Бургас за транспорт на природен гас.

И Ципрас и Борисов дадоа подршка за евроинтеграците на земјите во регионот, притоа бугарскиот премиер потенцираше дека цвстото повзување на четирите држави не е вперено против никого, туку е насочено кон взаемна соработка.

Тој во врска со енергеското поврзување изјави дека „Бугарија вчера објавила јавен тендер за изградба на гасовод за интерконектор и за гасен јазол за ЛНГ терминалот.“

Романската премиерка Данчила потсети дека Романија во јануари го презема шестмесечното претседавање со ЕУ и дека ќе претстави преглед на заеднички теми што можат да се стават на дневен ред.

– Романија сака да стави посебен фокус на Западен Балкан. Сета поддршка за Србија. Ние го поддржуваме процесот на проширување на ЕУ, тоа ќе биде приоритет на агендата и клучна област за време на нашето претседавање, рече таа.

Во врска со заедничката кандидатура на четирите земји за организација на фудбалското Еуро 2028 и Мундијалот 2030, беше најавено дека потребните документи ќе бидат поднесат во декември 2021 година.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Несреќа во Букурешт: Падна дел од таванот во операциона сала за време на операција

Горан Наумовски

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор