„Единствена Македонија“: Мицкоски да одговори кој е неговиот противник – Јанко Бачев или Зоран Заев

Од:

„Единствена Македонија како дел од „Македонија-Блокира„ изразува загриженост поради штетното однесувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во семакедонската борба да се спречат уставните измени.

Наместо сплотени и единствени во борбата против марионетската власт во Скопје која сака да избрише се што е македонско, Мицкоски отвора фронт против Единствена Македонија.

Познато е дека минатата сабота „Македонија-Блокира„ со прилепските бранители протестираше во Прилеп, по што се највија блокади во Прилеп секоја сабота.

Познато е дека ВМРО-ДПМНЕ околу месец дена маршира секоја среда во Скопје и секоја недела во некој град во Македонија.

Меѓутоа, Мицкоски наместо во недела, одеднаш прави неочекуван пресврт и денес, сабота, ќе маршира во Прилеп со цел да ги неутрализира блокадите на „Македонија-Блокира“. Водени од националните и државните интереси и избегнување на паралелизам во Прилеп, ја информираме јавноста дека денес, сабота, „Македонија-Блокира„ нема да блокира во Прилеп во интерес на македонското единство.

Ќе разбере ли Мицкоски дека заедничкиот противник е Зоран Заев. Разбира ли Мицкоски дека ова не е битка за поединци или лидери, ова е битка за опстанок на цел еден народ.

Мицкоски и должи одговор на јавноста, кој е за него противник во борбата за одбрана на македонскиот народ – Јанко Бачев или Зоран Заев“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска