Додека тече рокот во кој обвинетите за „крвавиот четврток“ може да поднесат до судот барање амнестијата да важи и за нив, адвокатот Александар Тортевски на својот профил на „Твитер“ се понуди бесплатно да го застапува обвинетиот Игор Југ пред судот, ако не добие амнестија.
„Ако Игор Југ не добие амнестија доброволно се јавувам да го бранам про боно“, напиша Тортевски на „Твитер“.
Ако Игор Југ не добие амнестија доброволно се јавувам да го бранам ПРО БОНО.
1. Доброволно се откажал од обидот ( ако имал задача).
2. Не носел качулка.
3. Не употребил сила кон никого.
4. По негова заслуга државниот удар не успеал.
ЌЕ ЛЕЖИ САМО ЗА ТОА ШТО НЕ Е ПРАТЕНИК.— Aleksandar Tortevski (@atortevski) December 21, 2018
Тортевски смета дека обвинетиот Игор Југ има повеќе право да добие амнестија од пратениците, бидејќи не ја извршил задачата што организаторите му ја доделиле. „Пратениците ги отвориле вратите со што во целост ја исполниле задачата добиена од организаторот на државниот удар“, напиша Тортевски.
Во друг твит, Тортевски напиша „Наместо доживотна робија за државен удар, сега ќе добијат доживотна пензија во висина на пратеничка плата“, алудирајќи на предлозите со кои некои од пратениците размислуваат да побараат бенефициран статус откако ќе им истече мандатот.
Васко Маглешов