Министерот Адеми на работилница за проблемот со аерозагадувањето

Од:

Министерот за образование и наука Арбер Адеми присустуваше на работилница за проблемот со аерозагадувањето, органзирана од УНИЦЕФ и Фондот за иновации и технолошки развој. Тој очекува дека иновативите решенија кои тие ги претставуваат за намалување на загадениот воздух во училиштата, ќе најдат примена и во градинките и во другите образовни или институции од други сфери.

-Вашата посветеност за решавање на овој не само локален, туку и светски проблем, само ја покажува грижата која ја нудите за општеството, за вашата иднина и иднината на следните генерации. Вие сте тие кои треба да ни покажат и докажат дека секој проблем е решлив, дека за секое зошто има и затоа, им порача Адеми на учесниците на работилницата, сметајќи дека нивниот придонес во решавањето на овој проблем ќе ги натера сите чинители на власта да преземат уште поконкретни, поиновативни и поефективни мерки за намалувањето на аерозагадувањето.

Работилницата беше организирана во рамки на UPSHIFT програмата. Присутните ученици и наставници имаа можност да стекнат дополнителни знаења во областа на аерозагадувањето, а тоа, како што наведува МОН, ќе помогне во имплементација на проектите и идеите што ги имаат.

-Министерот Адеми вети дека МОН и Вадата им стојат на располагање на сите кои имаат иноивативни идеи за да им помагат и насочат кон креативното размислување за решавање опшествени проблеми, соопшти МОН.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски