Честитка од Иванов по повод Денот на наставата на турски јазик – 21 Декември

Од:

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик – 21 Декември, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Македонија.

– Можноста за образование на мајчин јазик е суштинска демократска вредност која придонесува за развој на културниот плурализам во една земја. Правото да се говори и твори на сопствениот мајчин јазик е едно од најзначајните човекови права, преку кои се создава, чува и промовира сопствениот и идентитетот на етничката заедница. Во Република Македонија внимателно се негува долгата традиција на соживот и на заедништво, и ние можеме со право да се гордееме со достигнувањата и постигнувањата на сите етнички заедници кои се дел од нашето мултиетничко општество. Припадниците на турската заедница во Република Македонија активно придонесуваат за развојот и за напредокот на нашата држава. Изразувајќи благодарност за вашите досегашни заложби, Ве повикувам и во иднина, заедно, сплотени и единствени да продолжиме во градењето подобра и просперитетна Република Македонија, стои во честитката од претседателот Иванов.

Би можело да ве интересира

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ