Со изведување дополнителни докази предложени од одбраната на обвинетиот Митко Чавков почна денешното рочиште во Кривичен суд за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.
Се презентираат наслови на службени документи од Министерството за внатрешни работи, како и информацијата за извршени активности на полицијата за планот Платформа.
Покрај тоа, се читаат и наслови на записници за одржани средби на директорот на БЈБ со подредените.
Записници за активности на Оперативниот штаб за повеќе денови од март и април 2017 година, како и записник од колегиумот на министер за внатрешни работи за оперативната акција „Платформа“.
Денеска треба да бидат изнесени и дополнителните докази на обвинетите Душко Лазаров и Крсто Мукоски.