Собранието ќе ги истурка Законот за СЈО и антикорупциска следната недeла

Од:

„Законот за продолжување на мандатот на СЈО и Законот за спречување корупција и судир на интереси ќе се најдат идната недела на собраниска седница, како приоритетни“.

Ова го изјави пратеничка Снежана Калевска од СДСМ.

Таа истакна дека собраниската група за реформи и интеграции разгледала 19 закони кои се реформски и треба да се хармонизираат со европското законодавство.

„Ги разгледувавме приоритетните закони кои пред претседателските избори треба да бидат донесени. Законите треба да се усогласат со владата и да се најдат на седница“, рече Калевска.

Пратеничката не кажа детали, одговарајќи на новинарските прашања, но додаде дека се надева оти законите ќе бидат донесени во предвидениот рок.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада