Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) денеска ќе одбележи 71 година од постоењето.
По овој повод ќе се одржи свечена седница на Научно-наставниот совет на Факултетот на која ќе присуствува и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Обраќања ќе имаат ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски и деканот на ФЗНХ Вјекослав Танасковиќ.