Поднесени 29 независни кандидатури за градоначалник

Од:

До Државната изборна комисија се поднесени 29 независни кандидатски листи за градоначалници и 94 за советници. Jавен увид во Избирачкиот список направиле 42.747 граѓани.  

Независни кандидатури за градоначалници поднеле Зоран Македонски за Делчево, Виктор Цветковски за Куманово, Горан Стојановски за Старо Нагоричане, Зоран Новаковски за Дебарца, Витомир Велковски за Струга, Васил Радиноски за Вевчани, Ибраим Колари за Дебар, Мазлум Хасан за Центар Жупа, Силвана Спасова за Конче, Горан Паунов за Карбинци и Ристе Андонов за Свети Николе.

Дури тројца независни кандидати поднеле листи за градоначалник до ДИК за Лозово и тоа Трајче Георгиевски, Слободан Јовановски и Горанче Велков. Бесник Телаи поднел независна кандидатура за Чаир, Јован Пејковски  и Киро Пирковиќ за Чучер Сандево, Басри Бајрами за Арачиново, Бошко Дилберовски за Петровец, Борче Гиевски за Зелениково и Дејан Андоновски за Чашка.

Зоран Бојковски, Борис Давидов и Панчо Минов, тројцата од Кавадарци собрале потписи и имаат доставено кандидатури за градоначалник до ДИК.

Зоран Лазаровски Паљо и Јорго Огненовски се независни кандидати за градоналаници за Битола.

Кандидатури за градоначалници за Могила поднеле Љубе Простиженовски и Стево Пивковски и за Ресен Димитар Бузлевски, поранешен член на СДСМ.

Седдумина од оние кои се започнале со собирање потписи, не успеале да го направат тоа или се откажале. Трката за собирање потписи ја започнале 36 кандидати.

Според информациите од Државната изборна комисија за советници се поднесени 94 листи. Најмногу има за Македонски Брод – дури 15, за Охрид осум, но еден од носителите се откажал, шест за Петровец и за Кавадарци, и по пет за Конче пет и за Лозово. Шестмина од подносителите не успеале да соберат потписи или се откажале, така што вкупниот број на оние кои започнале да собираат потписи се сто.

На 16 февруари на полноќ завршува рокот за поднесување на листите на кандидати за членови на советот и за градоначалници од партиите.

Jавен увид во Избирачкиот список изввршиле 42.747 граѓани. Увид во избирачкиот список досега најмногу извршиле граѓаните во Охрид и тоа 3.421, потоа во Кичево – 2.723, Карпош 2.367 и Прилеп 2.205.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар