Во Гази Баба презентиран „Ажурираниот катастар на загадувачи на територијата на општината“

Од:

Граѓани, членови од невладиниот сектор, советниците на општина Гази Баба, денеска присуствуваа на јавната презентација на “Ажурираниот катастар на загадувачи на територијата на општина Гази Баба”, во просториите на општината.
Од блиску се запознаа со анализата која ја спроведоа од друштвото за технолошки и лабораториски испитувања, проектирање и услуги “Технолаб” по барање на градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски. Целта е општината да има целосен регистар на причинителите на загаденоста на животната средина и ефикасно да се справи со тоа.

Георгиевски пред присутните посочи дека Гази Баба има долгорочен и краткорочен акционен план за решавање на последиците на загадување на животната средина.

– Тоа се продолжување на топловодното греење во Триангла, Маџари, Хиподром 1 и 2 како и Ченто, каде целни групи се колективните станбени згради како и продолжување на гасификацијата на индустриските објекти и јавните установи кои се во надлежност на општина Гази Баба, каде парните котли од нафта да се заменат со природен гас. Работиме на долгорочна стратегија за долготрајно обновливи извори за поставување на фотоволтаични панели, на колективните згради и јавните установи, како и енергетски фасади, со цел да се постигне заштеда на ресурсите да се намалат штетните емисии на пи ем честичките, а со тоа и да се подобрат условите за живот. Во изминатиот период, преземавме низа на активности во оваа насока. Спроведовме две акции со општинските инспектори, каде запленија 2 тона и 50 кг отпадни гуми, а започнавме и акција за отстранување на хаварисаните возила од јавните површини, посочи Георгиевски.

Градоначалникот посочи дека општина Гази Баба и понатаму ќе води сметка за одржување и зачувување на животната средина, особено сега, откако имаме прецизни анализи кои се загадувачите за веднаш да дејствуваме.

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Врховен утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина, непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”