На подрачјето на Балканот утрово се измерени температури под нула, а најстудени градови беа Сараево и Љубљана, каде се измерени минус осум степени Целзиусови, јави Танјуг.
На планината Купрес во Босна и Херцеговина утрово во седум часот измерена е температура од минус 23.
Во Загреб, како и во Белград измерени се минус шест Целзиусови, во Подгорица плус два, додека во Скопје утрово беа измерени плус три степени.
На планините Јахорина и Бјелашица висината на снегот е над 130 сантиметри.
Според метеоролозите во текот на цела недела во регионот се очекува облачно време со дожд, а на повисоките планински предели снег, додека температурите во просек ќе се движат од нула до два степени Целзиусови.