Хуманитарно трчање од Струмица до Гевгелија – за сите кои се борат за здив!

Од:

Хуманитерно трчање за подигање на свеста за постоењето на ретка белодробна болеста – Пулмонална хипертензија. Трката ќе се одржи на 23.12.2018, недела и ќе започне во 09:00 часот од плоштадот во Струмица, а финиш линијата е во Гевгелија, со должина на патеката од 50 километри.

Трасата води од Струмица преку Валандово, Богданци и се очекува да заврши околу 14:30 на плоштадот во Гевгелија. Велосипедскиот Клуб „АКТИВ“, Струмица и Здружението Асоцијација за Пулмонална Хипертензија „МОМЕНТ ПЛУС“ го организираат првото хуманитарно трчање по овој повод и кој ги поврзува овие два градови, под наслов „Трчаме со Николчо“.

Трчањето е во чест на гевгеличанката Ѓургица Ќаева, како и на сите пациенти кои страдаат од оваа болест.
Маратонeцот – предводник е Николчо Ѓоргиев, кој често ја поддржува оваа иницијатива на сите маратони кои ги трча, со носење маичка со логото и мотото на Здружението – „Остани без здив“. Досега се пријавени 32 учесници кои ќе се приклучуваат од различни окрепни точки по трасата.

Белодробна артериска хипертензија (ПАХ) е прогресивна болест предизвикана од стеснување на белодробната артерија која ги поврзува десната страна од срцето со белите дробови. Пулмоналната хипертензија е сериозно заболување кое прогресивно се влошува со тек на време и понекогаш завршува фатално. Иако пулмоналната хипертензија не е излечлива болест, третманот кој постои ги олеснува симптомите и го подобрува квалитетот на живот.

Во Македонија постојат 15 регистрирани случаи на оваа болест, за која малку се знае. Со цел подигање на свеста за постоењето и борбата на болните, буквално секојдневно за здив, Велосипедскиот Клуб „АКТИВ“,Струмица и Здружението Асоцијација за Пулмонална Хипертензија „МОМЕНТ ПЛУС“ го организираат овој настан, со поддршка на Општина Струмица и Општина Гевгелија.

Под мотото „Остани без здив“, Здружението Асоцијација за Пулмонална Хипертензија „МОМЕНТ ПЛУС“ ги продолжува своите активности и во 2019-та за подигање на свеста за оваа ретка болест.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Струмица, еден маж користел секира, полицијата уапси еден од насилниците, вториот е во бегство

13 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица

Апел за помош на 38-годишниот Јовица Блажевски

Почина човек во изгорен стан во зграда во Струмица

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица