Средба на лидерите на Србија, Бугарија, Грција и Романија во Белград

Од:

Во рамки на квадритералната регионална соработка, в сабота во Белград ќе се одржи средба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ со премиерите на Бугарија, Бојко Борисов, на Грција, Алексис Ципрас и на Романија, Виорика Данчила, соопшти од кабинетот на шефот на српската држава.

Фокус на средбите од овој тип досега беше ставан на регионалните проекти за меѓусебното поврзување, со акцент на инфраструктурното и гасно поврзување, зачленувањето на Србија во ЕУ и европските перспективи на целиот регион.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, ова ќе биде шеста средба на лидерите на Бугарија, Грција, Романија и Србија.

Грчкиот премиер Ципрас ден пред тоа, в петок ќе престојува во оицијална посета на Белград, при што ќе има средба со Вучиќ, по што ќе се одржи и втората седница на Високиот совет за соработка меѓу Србија и Грција.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Несреќа во Букурешт: Падна дел од таванот во операциона сала за време на операција

Горан Наумовски

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор