Ченто: Нема да барам амнестија, судот нека ми пресуди, а не политичките елити

Од:

Почитуван судски совет, лично јас сакам вие, а не политичките елити да не судат. Во завршна фаза сме. Цела македонска јавност а најмногу вие сакате да се дознае вистината за 27 април и да има правда. Јас нема да поднесам барање за амнестија, вие пресудете ни, а не политичките елити да кажуваат дали сум виновен или не, рече обвинетиот Јане Ченто на денешното рочиште за 27 април.

– Точно е дека влеговме во Собрание со понесени емоции, но поентата е дека секој мора да ги сноси последиците. Исклучиво вие и никој друг имате право да не судите. Само сакам да знаете дека имам целосна доверба во вас, време е да покажеме на сите дека ние сме правна држава и дека судската власт е самостојна, рече Ченто.

На ова се надоврза и обвинетиот Игор Југ кој исто така кажа дека нема да поднесе барање за амнестија.

– Целосно го поддржувам излагањето на Ченто. До детаљ се согласувам со него. Ниту јас нема да поднесам барање за амнестија, тоа вие ќе одлучите. Не го признавам селективниот закон за амнестија и не дозволувам да бидам ничија монета за поткусурување, рече Југ.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески