Кацарска до Дукоски: Не ми се обраќајте со висок тон, не сме на улица

Од:

На самиот почеток од денешното рочиште за „крвавиот четврток“ настана расправа помеѓу судијката Добрила Кацарска и адвокатот на обвинетиот Митко Чавков, Сашко Дукоски. Расправата се случи откако судијката најави дека на денешното рочиште ќе се изведуваат декласифицираните докази од МВР за Митко Чавков, на што адвокатот жестоко изреагира дека немал доволно време да ги разгледа истите бидејќи претходно не му биле доставени односно дури денеска ги примил.

Судијката Кацарска рече дека во текот на вчерашниот ден, судот го барал Дукоски повеќе пати за да му ги достават доказите, но тој не се одзвал на повиците. На ова Дукоски одговори дека не бил во можност да се јави бидејќи бил на интервенција за синусите.

– Вчера бев на медицинска интервенција за чистење на синуси, не е професионално веднаш вината за доказите да ја префрлате на мене. Првиот телефонски повик од судот е примен во 14 часот и 21 минута, во момент кога бев на интервенција. Кога завршив се јавив во канцеларија ме известија и ми доставија фиксен телефон од судот на кој се јавував од 15 и 20 до 15 и 30 часот, но никој не ја подигна слушалката. Не може да се очекува дека затоа што не сум дигнал телефон да биде моја вина зошто не сум ги примил доказите. Ова се докази кои се предложени од наша страна, но истите ниту еднаш физички не сум ги видел, сега прв пат ги гледам и како очекува судот да коментирам докази кои прв пат ги гледам. Барам судот да ми даде време да извршам увид на доказите,рече Дукоски.

На ова судијката Кацарска истакна дека судот го барал Дукоски и пред 14 часот.

– Не можете така да се однесувате во судница и на тој начин така да разговарате со судот. Не ми го повишувајте тонот, не сме на улица. Не се јавувавте многу пред 14 часот. Не покажавте потреба да се јавите за доказите и за кое образложение говорите кога треба само да ги прочитате доказите, за да влезат на записник, рече судијката.

Судечкиот совет даде 1 час пауза за адвокатот Дукоски да ги разгледа доказите по што рочиштето ќе продолжи со нивно изведување.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески