Припадник на МВР во службено возило е загинатиот во железничката несреќа

Од:

Полициски службеник А.Б. од Полициската станица Гази Баба е загинатото лице во железничката несреќа што утрово се случи на преминот Маџари во Скопје, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Според првичните информации, несреќата се случила кога товарен воз што се движел од граничниот премин Табановце кон Скопје – југ (Железара), удрил во патничко моторно возило Фолксваген Венто, сопственост на Министерството за внатрешни работи, соопшти ЈОРМ.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје раководи со увидот на лице место на несреќата што се случи утринава на железничкиот премин на ул. „Благоја Стевковски“ во скопската населба Хиподром.

Во несреќата на лице место починал возачот на автомобилот, вработен во полициската станица Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи

Полицаец од Струмица зел 500 евра „за мирно решавање тепачка“

Пијан возач удрил пешак во Охрид и побегнал

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници