Премиерот на Белгија поднесе оставка

Од:

Белгискиот премиер Шарл Мишел денеска во парламентот соопшти дека поднесува оставка од функцијата и најави дека за тоа ќе го информира и кралот Филип.

Локалните медиуми претпоставуваат дека е можно кралот засега да не ја прифати оставката на премиерот и да почека на политички консултации за случајот. Можно е и Владата на Мишел да биде техничка до следните избори.

Одлуката на Мишел доаѓа откако социјалдемократите, заедно со Зелените, поднесоа иницијатива за гласање недоверба.

Неговата Влада пред десетина остана без мнозинство, откако десничарската партија Н-ВА ја напушти коалицијата во знак на протест поради одлуката на Белгија да го поддржи необврзувачкиот договор за глобална миграција на ОН.

Оставен со малцинска влада, Мишел ја отфрли идејата за предвремени избори. Националните избори во Белгија се закажани за мај 2019 година.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски