ЕУ: Намалување на емисиите на CO2 од автомобилите за 37,5 отсто до 2030 година

Од:

Преговарачите на земјите на ЕУ и Европскиот парламент, по тешки преговори, се договорија до 2030 година да ги намалат емисиите на јаглероден диоксид на новите автомобили за 37,5 отсто, соопшти синоќа Европската комисија.

Тој политички компромис, кој уште треба да добие и службена потврда од министрите на ЕУ и Европскиот парламент, кој ќе одржи пленарна седница, доаѓа два дена по завршувањето на ЦОП 24 во Полска, на кој меѓународната заедница не успеа да се договори за новите амбиции во борба против климатските промени.

Спогодбата од Брисел е на половина пат меѓу ставот на земјите членки, кои се конзервативни, и Парламентот. Покрај тоа е построга од предлогот на ЕК.

Со месеци 28 членки на Унијата се поделени по прашањето за намалување на емисиите на CO2 од возилата, како дел од стратегијата за намалување на штетните гасови со ефект на стаклена градина за вкупно 40 отсто до 2030 година.

Германија, со најголем авто сектор во ЕУ со вредност од околу 423 милијарди евра предупреди на тешки цели, а ориентацијата кон повеќе електрични автомобили би можела да и наштети на германската индустрија.

Претставници на Европскиот парламент и земјите членки на ЕУ конечно вчера, по девет часа разговори, постигнаа компромис за намалување на јаглероден диоксид од новите автомобили за 37,5 отсто, а од комбињата за 31 отсто до 2030 година во споредба со 2021 година.

Договорена е и привремената цел од 15 отсто за двете категории на автомобили до 2015 година.

-Ова е важен сигнал во нашата борба против климатските промени, изјави австриската сојузна министерка за одржливост и туризам Елизабет Коестингер, чија земја претседава со ЕУ.

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух