ВМРО-НП: Да се воведе мораториум по прашањето за ГМО храната во траење од пет години

Од:

ВМРО-Народна партија реагира во однос на наводите од страна на директорот на АХВ за можното бришење на членот 55 од Законот за безбедност на храната кој се однесува на забраната за производство, ставање во промет, увоз во Република Македонија на храната и производи од храна која содржи ГМО.

„Многубројни истражувања од регионот докажуваат за штетното влијание на ГМО храната врз човековиот организам, особено за зголемените ризици од заболување на рак, генетски мутации и опасноста од прекумерна тежина.

ВМРО-Народна партија предлага да се воведе мораториум по прашањето за ГМО храната во траење од пет години се додека не се извршат дополнителни истражувања во однос на оправданоста од воведувањето на ГМО производство во нашата држава.

Сметаме дека ГМО производството ќе доведе до губење на македонските автохтони органски производи, кои години наназад државата се бори да ги одржи во живот и ќе нанесе огромни штети по здравјето на луѓето во Македонија“ се вели во соопштението на ВМРО-Народна партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска