Презедовме мерки да го расчистиме случајот со бришење снимки од камерите, се огласи кривичниот суд

Од:

Кривичниот суд во Скопје се огласи со соопштение за настанот од минатата недела кога полицајци по налог на обвинителката Ивана Трајчева бришеа снимки од камерите на снимателите.

„Ве информираме дека Основниот суд Скопје 1 – Скопје во целост е посветен на транспарентноста и професионалната соработка со медиумите во Р Македонија и во ниту еден момент нема да отстапи од овие заложби. Затоа во целост ја разбираме вашата реакција за последниот настан од 13.12.2018 година. Но, за волја на вистината, потребно е да напоменеме дека за настанот судот беше дополнително известен, па затоа и не можевме навреме да реагираме“.

„Уште следниот ден на новинарите им беше објаснето дека станува збор за недоразбирање за кое судот не бил информиран и веднаш беа преземени мерки за расчистување на случајот, а на главната расправа по конкретниот предмет, уште следниот ден на снимателите и фоторопортерите им беше дозволено неограничено снимање на стартот од расправата“, се додава во соопштението.

Во соопштението пишува дека Основниот суд Скопје 1 – Скопје останува во духот на транспарентна и отворена соработка со медиумите како претставници на јавноста на судските процеси. Од сдуот посочија дека за евентуални следни попречувања или проблеми кои претставниците на медиумите може да ги имаат, веднаш да го известат судот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски

По заканите Петровска побарала обезбедување, пред неа истиот се заканувал и на судијка

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Случајот со Невена Спасеска повторно од Собранието: Обвинувања за корупција во Центарот за социјална работа

Предраг Петровиќ