Расправа по жалбата поднесена од Јордан Митриновски против решение на Судски совет донесено во повторена постапка по барање за негово разрешување од судиската функција на поранешниот претседател на Апелационен суд Скопје ќе се одржи денеска во Врховниот суд.
Првично расправата беше закажана за 12. овој месец, но беше одложена за денеска со цел да се овозможи присуство на јавноста на јавната седница.
Постапката е обновена по барање за повторување на постапката поднесено од Митриновски, а врз основ на конечна пресуда на Европскиот суд за човекови права- Application no 6899/12 Mitrinovski v. the former Yugoslav Republic of Macedonia.
-Согласно конечна пресуда од ЕСЧП и домашното законодавство, органот кој ја сторил повредата на конвенцијата е должен да ги укине сите одлуки кои произлегле од постапка со која е утврдена повреда на Конвенцијата. Меѓутоа, Судски Совет на РМ постапувајќи по барањето за повторување на постапката истото го уважи во целост , но ги укина само Одлуката од ССРМ за разрешување на Јордан Митриновски од позицијата судија и Одлуката на Врховен суд на РМ со која се одбива жалбата поднесена против одлуката на ССРМ за разрешување на Јордан Митриновски. а неосновано и спротивно на домашните законски прописи, ЕКЧП и конечната пресуда на ЕСЧП, ги остави во сила – барањето за разрешување поднесено од судијата ЈВ против судијата Јордан Митриновски и Одлуката со која се уважува барањето за отворање на постапка и се поведува постапката против судијата Јордан Митриновски, се наведува во соопштението од неговата канцеларија.