ЛДП најави дека нема да гласа за законот за амнестија

Од:

ЛДП нема да гласа за законот за амнестија. Како што беше кажано на седмото изборно собрание на Либералдемократите, овој владин коалиционен партнер нема да гласа за предлог-законот за амнестија со кои треба да бидат опфатени околу 50-на обвинети за упадот во Собранието на 27 април минатата година.

Според Горан Милевски, кој беше реизбран за претседател на ЛДП, подобра варијантата е најпрво да има пресуда за случајот, а дури потоа да се размислува за амнестија.Тој смета дека законодавната и извршната власт треба да останат во свои рамки и да не влијаат на судството.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се огласи пратеничката на ЛДП, Никица Корубин, која најави дека во иднина ќе настапува како независен пратеник во Собранието, кое деновиве треба да ја разгледува драфт-верзијата за законот за амнестија.

Почитувани,Сакам да ве информирам, дека од денес настапувам како независен пратеник/ЛДП во Собранието на Република…

Posted by Nikica Korubin on Недела, 16 декември 2018

„Сакам да ве информирам, дека од денес настапувам како независен пратеник/ЛДП во Собранието на Република Македонија, во рамките на пратеничката група на СДСМ и коалицијата. Утре ќе го известам претседателот на Собранието на Република Македонија. Во рамките на ЛДП ќе делувам како фракција. Ако сакаме демократија во општеството, мора да имаме демократија во политичката партија. Лошите пракси во политичката партија се рефлектираат во државата и општеството. Затоа мора да се спротивставиме на секое нарушување на принципите на делување по правила и стандарди, бидејќи политиката не е за личниот, туку за општиот интерес. Од секого од нас зависи, само доколку ја разбереме моќта на позицијата која ја имаме”, напиша Никица Корубин на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа