Чавушоглу тврди дека Трамп работи за екстрадиција на Ѓулен

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган дека Вашингтон работи на екстрадиција на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој Анкара го смета за организатор на неуспешниот државен удар во Турција во 2016 година. Тоа го тврди турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

– Трамп во Аргентина му рече на Ердоган дека работат за екстрадиција на Ѓулен и други луѓе, изјави Чавошоглу на конференција во Доха реферирајќи за самитот на Г-20 во Аргентина.

Американското Министерство за правда вчера негираше дека е планиран договор за испорачување на противници на Ердоган, додека Ен-Би-Си во четвртокот објави дека администрацијата на Трамп бара начини за испорачување на Ѓулен за да го смират турскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија