Лимај најавува во преговарачкиот процес барање воена отштета од Србија

Од:

Фатмир Лимај потпретседател на косовската влада и еден од двата шефови на новоизбраниот приштински тим за продолжување на дијалогот со Белград, изјави дека „барање за воена отштета“ ќе биде една од 15-те теми за завршување на тој процес.

Тој повтори дека меѓу другите теми се, „меѓусебно признавање, исчезнати лица и сукцесија“, објави Коха диторе.

Лимај е еден од поранешните команданти на ОВК. Изјавата ја даде откако Парламентот синоќа усвои резолуција за продолжување на дијалогот и потврди нов тим за финалната фаза од дијалогот што ќе го предводи лидерот на опозициската СДП, Шпенд Ахмети.

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин оцени синоќа дека изборот на Лимај е „потценување на здравиот разум и само идеја за дијалог“.

– Кога на чело на преговарачки тим ставате убиец тогаш јасно е дека сакате преговорите да бидат убиени. Да го ставите Лимај во преговарачки тим тоа е потценување со здравиот разум и само идеја за дијалог“, нагласи Вулин.

Би можело да ве интересира

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија