Заев упати телеграма со сочувство до семејството на Стојаноски: Јован беше колега, пријател и голем професионалец

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев упати телеграма со сочувство за смртта на градоначалникот на Охрид Проф. д-р Јован Стојаноски, до неговото семејство, најблиските и пријателите.

Во телеграмата, премиерот Заев пишува дека смртта на Стојаноски, е огромна загуба за академската заедница, за Охрид, локалната заедница и за партијата СДСМ, за кои низ годините даде огромен придонес со своето посветено работење.

„Јован беше колега, пријател и голем професионалец посветен на својата визија Охрид да биде вистинска европска, културна и туристичка престолнина.

Знам дека не постојат зборови на утеха кои можат да ја намалат вашата загуба, но дозволете заедно да ги споделиме чувствата на тага за загубата на вашето семејство“, пишува Претседателот на Владата на РМ Зоран Заев, во телеграмата со сочувство за смртта на Проф. д-р Јован Стојаноски, до неговото семејство.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ