МЦМС одбележа 25 години од своето постоење

Од:

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) денеска со свечена академија одбележа 25 години од основањето.

Челниците на МЦМС ги презентираа резултатите од 25-годишното работење на организацијата, период во кој МЦМС спровел 1.652 проекти од различни сфери со вкупен буџет од над 60 милиони евра, а во кои биле вклучени илјадници граѓани.

Првиот извршен директор на МЦМС Александар Кржаловски рече дека организацијата овие две децении е посредник меѓу локалните потреби и меѓународните можности, и е чадор на сите граѓански организации.

Во овие 25 години, посочи тој, МЦМС стана фактор на развој на граѓанското општество и промотор на европските вредности.

– Најкарактеристично за МЦМС е тоа што е „кршач на мраз“ и пополнувач на јазовите, тој првпат се појавуваше секаде каде што имаше потреба, на пример во руралните средини каде има недостиг на здрава вода за пиење или бегалците на Косово или пак во македонската криза во конфликтните региони, рече Кржаловски.

Истакна дека МЦМС без многу помпа и реклама беше доживуван како безбедна средина за дијалог и прифатено неутрално место за среќавање на разни, „често раскарани“ субјекти – од граѓански организации, верски заедници, до учесниците во вооружениот конфликт од 2001 година.

– Ние сме организација со став, ги кажуваме работите што не секогаш другите сакаат да ги кажат. Наша водилка отсекогаш ни била потребата од градење консензус, како што беа апелите за мир од 2001 година, рече Кржаловски.

Првиот извршен директор на МЦМС нагласи дека најголема последица од неможноста за постигнување консензус околу клучни прашања во општеството е поларизацијата за чие спречување, како што рече, тие очигледно не направиле доволно.

– Повеќе од потребно ни е помирување во Македонија и МЦМС со своето искуство особено од Северна Ирска и од Јужна Африка може да придонесе многу во тој процес. Но тоа се подолгорочни процеси, а оваа година можеме да се задоволиме со некој почеток на деполаризација и прв чекор во тоа департизација. Колку и да мислиме дека е лошо во државата, сепак многу е направено, и променето од она што беше ситуација во Македонија пред 25 години, рече Кржаловски.

Ризван Сулејмани, кој е во управните органи на МЦМС, истакна дека големината на организацијата не е во тоа што таа има најголем буџет, туку во тоа што пред сите останати ја препозна силата на единството на различните етнички заедници и место деструктивни конфликти создаваше единство.

Посочи дека е битно единството во стратешките определби во државата, како што се евроатлантските интеграции.

Наташа Габер Дамјановска која е од самиот почеток во организацијата и била дел од управувачките органи, истакна дека како еден од клучните елементи за кои се залагаше МЦСМ е овозможувачка околина за создавање развој на граѓанските организации, и да се постигне одржлив и влијателен граѓански сектор.

– Првиот чекор што го направи МЦМС е да се направат законски измени на тогашната легислатива, тоа беше во 1995 година, се започнаа дискусиите за нов закон за здруженија и фондации. Стрежемот беше тогашните општествени организации кои беа со ограничена рамка на делување, да имаат широка слобода на делување, со акцент на слобода на здружување, слобода на собирање, слобода на изразување, и тие се трите постулати на секоја одржлива демократија во секое општество, рече Габер Дамјановска.

Мисијата на МЦМС е граѓанско општество и партиципативна демократија, владеење на правото, рамномерен и одржлив социо-економски развој, ненасилство, почит и културна разноличност. Ги поддржува целите на социјална кохезија и намалување на сиромаштијата, одржлив локален и рурален развој, добро владеење, партиципација и политики засновани на луѓето, ги поддржува евроинтеграциските процеси и јакнење на регионалната соработка.

Би можело да ве интересира

Анкета: 10,3 отсто од македонските граѓани не веруваат дека коронавирусот постои

А1он

(ВИДЕО) Анѓушев: Владата е посветена во борбата против сите видови на корупција

Наум Локоски

Конференција за модел за државно финансирање на граѓанските организации

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кржаловски: Можно е Груевски да си поднесе оставка уште пред вториот изборен круг

Наум Локоски

Промовиран Извештај за овозможувачка околина за работа на граѓанските организации

Ана Ололовска

МЦМС: На Иванов драстично му пораснал рејтингот

Емир Латифовиќ