МЦМС: На Иванов драстично му пораснал рејтингот

Од:

Расте довербата во институциите, покажало последното истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Таа сега изнесува 56 отсто и е за 5,4 проценти повисока во однос на слично истражување направено од „Галуп“ во 2012 г.

dobivaj vesti na viber

„Степенот на доверба опаѓа со зголемување на дистанцата, па довербата во соседите изнесува 68 отсто сè до 18,3 отсто кај непознатите. Сепак, сè уште мнозинство граѓани сметаат дека повеќето луѓе би се обиделе да ги искористат (55,3 отсто), наместо да постапат чесно (42,1 отсто). Довербата во институциите е стабилна – индексот на доверба изнесува 43, слично како во 2008 и во 2007 година, по забележаниот пад во 2010 година (41). Има пораст на довербата во сите сектори, државниот, приватниот бизнис, граѓанскиот, а пад има кај медиумите и кај меѓународната заедница“, се наведува во соопштението.

МЦМС истакнува дека за прв пат откако ја мери довербата, се забележува мнозинска доверба во граѓанскиот сектор – 54,2 отсто.

Довербата во државниот сектор е битно зголемена, индексот изнесува 56 наспроти, 44,5 во 2010 година. Значителен е растот во образованието, здравството и полицијата, кои го презедоа приматот од Армијата, но и кај сите други државни институции има раст на довербата. Порастот е кај сите етнички заедници, но разликата главно се должи на порастот на довербата во државата кај етничките Албанци, од 16 на 35,4 отсто, како и во политичките партии.

Според истражувањето на МЦМС, најголем раст на довербата има кај претседателот на државата, од 37,5 отсто во 2010 година, на 56,8 отсто, собранието има умерено зголемување, од 34,4 на 41,9 отсто, а Владата од 36,8 на 42,5 проценти, но сè уште под нивото од 2008 година кога изнесуваше 51 отсто.

Намалена, но сѐ уште мнозинска е довербата во меѓународната заедница. Довербата во ООН изнесува 58,8 отсто, во НАТО, 56,3 отсто, а во ЕУ 55,8 отсто, а повеќе доверба имаат етничките Албанци, особено симпатизерите на ДУИ.

На листата на професии, предводници се професорите, лекарите, како и верските лица. Најмала доверба граѓаните имаат во судиите – 43,1 отсто и во цариниците, 36,5 отсто.

Истражувањето е спроведено со теренска анкета – интервјуа „лице в лице“ од 31 мај до 21 јуни, на репрезентативен примерок од 810 испитаници. Анкетата ја спроведе агенцијата за истражувања „М – Проспект“.

Би можело да ве интересира

Анкета: 10,3 отсто од македонските граѓани не веруваат дека коронавирусот постои

А1он

МЦМС одбележа 25 години од своето постоење

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Анѓушев: Владата е посветена во борбата против сите видови на корупција

Наум Локоски

Конференција за модел за државно финансирање на граѓанските организации

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кржаловски: Можно е Груевски да си поднесе оставка уште пред вториот изборен круг

Наум Локоски

Промовиран Извештај за овозможувачка околина за работа на граѓанските организации

Ана Ололовска