НУ Спомен куќа на Мајка Тереза и Институтот за духовно и културно наследство на албанците во Р. Македонија потпишаа меморандум за соработка.
На прес – конференцијата која беше одржана во Спомен куќата на Мајка Тереза се обратија директорот на Институтот за духовно и културно наследство на албанците г-дин Скендер Асани и директорот на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза г-дин Ариан Асланај. Истакнувајќи ја важноста на овој меморандум за соработка, тие ги најавија првите заеднички проекти. Во 2019 год. се планира одбележување на 100 години од смртта на Никола Кољ Бојаџиу (таткото на Мајка Тереза), промоција на вториот том од книгата „Албански католички семејства од Скопје“ како и истражување на оригинални писма напишани од Мајка Тереза на албански јазик.
Директорот на НУ Спомен куќа Мајка Тереза г-дин Асланај ја изрази радоста за остварувањето на оваа соработка, а во оваа прилика најави дека Спомен куќата на Мајка Тереза ќе започне со подготовки за доаѓањето на Светиот Отец папата Франциск во родниот град на Мајка Тереза.