Обвинителството ќе изнесува докази на рочиштето за „27 април“

Од:

Судењето за настаните од 27 април минатата година во Собранието продолжува денеска во Кривичниот суд со изнесување дополнителни докази од Обвинителството.

Вчера во судот исказ даваше сведокот Методија Илиевски, предложен од одбраната на обвинетиот Богдан Илиевски-Бетмен. Тој рече дека седум години го знаел Богдан и го опиша како воспитан, културен и многу чесен човек.

Методија посочи дека самоиницијативно бил учесник на 50 од протестите на „За заедничка Македонија“, кое го оцени како позитивно движење во кое се говорело за ненасилни дејствија за промени кои ќе бидат подобри за граѓаните.

На 27 април бил на протестите пред Собрание и ништо не укажувало дека ќе биде различно од претходно.

-Во еден момент почна да се зборува дека луѓе влегуваат во Собрание и на тој начин се прекинаа говорите. Ниту претпоставувавме дека ќе се случи тоа што се случи, ниту тоа беше нашата цел, рече Илиевски и додаде дека сите биле шокирани.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште