Во Општина Бутел започна кампања за заштита од поплави

Од:

Денеска, во Општина Бутел, градоначалникот Велимир Смилевски и Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, одржаа прес конференција по повод кампањата за намалување на заканата и заштитата од поплави, под мотото: „Иднината им припаѓа на оние што се подготвени“.

Директорот Џаферовски изјави дека дирекцијата изготвила флаери и два документарни филмови за превенција од поплави кои од утре ќе бидат прикажувани во сите основни училишта на територија на Општина Бутел.

Грдаоначалникот Смилевски посочи дека едукацијата на младите е од исклучителна важност и затоа се предвидени предавања за сите ученици од основните училишта во Општината. Сепак, додаде градоначалникот, ние возрасните и институциите треба да направиме се што можеме до поплава да не дојде.

Денеска на пазарот и трговскиот центар во Бутел 1 се делеа флаери на граѓаните од Општина Бутел.

Би можело да ве интересира

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он