Потпишување на Меморандум за соработка меѓу МНР и Инфо центарот за евроатлантски интеграции

Од:

Во Министерството за надворешни работи денеска е потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за надворешни работи и Инфо центарот за евроатлантски интеграции.

Документот го потпишаа министерот за надворешни работи Никола Димитров и извршниот директор на Граѓанската Асоцијација МОСТ Дарко Алексов, што го имплементира проектот Инфо центар за евроатлантски интеграции.

Како што соопшти МНР, со меморандумот ќе се воспостави меѓусебна соработка во интерес на промоција на евроатлантските интеграции што ќе обезбеди простор за активен дијалог и дебата, како и организирање промотивни настани и други активности.

Министерството за надворешни работи и Инфо центарот за евроатлантски интеграции ќе соработуваат на полето на информирање, промоција, едукација, обука, давање помош при изработка на одредени проекти, анализи, предлози, како и други форми на размена на знаење и искуство во насока на истражување и развој од заеднички интерес.

Преку склучувањето на овој Меморандум ќе се иницира соработка со други институции и претставништва во земјата и од странство, како и релевантни невладини организации, во давање поддршка за организирање настани, иницирање проекти, обезбедување стручни консултации, размена на искуства, но и спроведување на обуки за стручни доусовршувања од делокругот на евроатлантските политики, интеграциските процеси и соработка со посебен акцент на зачленувањето на Република Македонија во НАТО.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

(ВИДЕО) Се урна мост во Јужна Кореја, има загинати и повредени

Горан Наумовски

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска