Наумоски на средба со жителите од Стопански двор и Кисела јабука

Од:

На барање на жителите на населбите Стопански двор и Кисела јабука, кандидатот за Градоначалник на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски и претседателот на Општинската Организиција СДСМ во истата општина, Ѓорѓе Матески, остварија средби на кои беше искажано незадоволството од  досегашното работење на актуелниот градоначалник Сокол Митровски.

Неасфалтираните улици, недовршената фекална канализација, безбедноста на децата беа само дел од проблемите кои ги истакнаа локалните жители.

Во двата мандати, Сокол Митровски им ветувал дека ќе го зголеми капацитетот на основното училиште Тихимор Милошевски, каде што наставата се одвива во три смени, ќе направи пешачки премин преку пругата, но ништо од тоа.

Затоа граѓаните нема да го поддржат на престојните локални избори.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски