(ВИДЕО) Стоилковски: Нарачки на судии во Судскиот совет по директива на Заев

Од:

Нема крај на партизацијата која што оваа црна власт ја спроведува во македонското општество, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилкоски.

Тој обвини дека при изборот за член на Судскиот совет, како што рече, бесрамно бил истуркан изборот на судијката Лорета Георгиева од Струмица за која Столкосвски кажа дека станува збор за судијка која е сопруга на првиот човек на Зоран Заев во Струмица.

„Ова е очигледна надоградба на нарачаното ‘Кацарска судство’ и нарачаното ‘Рускоска обвинителство’ во Република Македонија. Очигледна е задачата, по партиски налог да се казнува и да се разрешува. Задача на Судскиот совет е да избира, унапредува и разрешува судии во сите степени на судството во Република Македонија“, посочи портпаролот на опозициската партија.

Стоилковски на прес-конференцијата додаде и дека ова не е прв скандал на СДСМ поврзан со влијание во судството и рече дека Георгиева напредува само кога СДСМ, Заев имаат моќ во раце.

„Тоа се судските реформи на аболицираниот Зоран Заев, така тој ги замислува независното судство и европскиот пат. СДСМ без партиско судство не може да функционира. Со ваков избор може да се очекува на пролет наместо препорака, од Брисел да дојде порака – ‘Со вака избрани судии, вие не сте за Европа’“, нагласи потртапролот на ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека колку побрзо оваа влада си замине, толку побрзо Република Македонија ќе се врати на вистинскиот пат.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски