ВИДЕО: Власта ќе бара 80 пратеници за продолжен мандат за СЈО

Од:

Министерката за правда Рената Треневска Дескоска изјави дека двата предлог-закони за специјално јавно обвинителство и за Јавно обвинителство се достапни за коментирање на ЕНЕР, одговарајќи на новинарско прашање дали власта може да обезбеди 80 пратеници за да му се продолжи мандатот на СЈО.

„Ќе се вршат интензивни консултации со пратениците за да видиме до кое ниво на регулирање може да обезбедиме 80 пратеници“, рече Дескоска, додавајќи дека обезбедувањето поддршка од пратениците е за прашањето дали е поприфатливо СЈО да биде засебно како и досега, или да биде во склоп на Јавното обвинителство.

Министерката рече дека се предвидени експертски дебати за овие прашања, но дека се зависи од волјата на пратениците.

Специјалниот јавен обвинител ќе може кривично да ги гони претседателот на државата, амбасадори и други претставници на државата во странство, предвидува предлог-законот за специјалното јавно обвинителство, објавен на ЕНЕР. Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ќе се трансформира во специјално јавно обвинителство.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Филков: Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е клучен чекор во борбата против криминалот и корупцијата

Горан Наумовски

Министерство за правда: За Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција во 2018 година

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда