Бунтовниците во Јужен Судан убиле повеќе од сто лица

Од:

Бунтовниците во Јужен Судан нападнаа семејства од противничкото племе и нивната стока, при што убиле над сто лица, повеќето жени и деца, изјави денеска претставник на властите.

Нападот претставува најголемо насилство, кое се случило во провинцијата Џонглеј, откако во 2011 година во племенските судири се убиени 900 лица, соопштија Обединетите нации.

Бунтовниците, помогнати од припадниците на племето Мурле, нападаа од заседа колона на припадници на племето Лоу Нуер, изјави гувернерот на Џонглеј, Куол Манјанг, нагласувајќи дека се убиени 14 војници, кои ја следеле колоната.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст испрати еден медицински тим за да им помогне на ранетите.

Јужен Судан, кој е богат со нафта, откако стекна независност од Судан во јули 2011 година, се обидува да воспостави контрола врз оддалечените територии, преполни со оружје по 22-годишната граѓанска војна и разорните меѓуетнички судири.

Според податоците на ОН, во државата Џонглеј од стекнување на независноста на Јужен Судан се убиени повеќе од 1.500 лица.

Јужен Судан го обвинува Судан дека им доставува оружје и муниција на бунтовниците во Џонглеј, но Картум ги демантира овие тврдења.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска