Припадничка на собраниското обезбедување: Ѓошевски даде наредба да се отворат вратите од собата за видео надзор

Од:

Судењето за „крвавиот четврток“ по паузата продолжи со сведочење на Милунка Јовановска, вработена во МВР, која на 27 април била присутна во Собранието на РМ како вработена во службата за обезбедување на објектот.

Јовановска во своето сведочење истакна дека обвинетиот Горан Ѓошевски, шеф на обезбедувањето на тогашниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски издал наредба да се отвори просторијата каде стоеле дисковите од Собраниските безбедносни камери.

-Околу 21 часот отидов кон пријавницата да ја сменам батеријата од радио станицата. Во тој момент дојдоа колеги кои се претставија дека се од УБК и побараа да се отвори собата за видео надзор. Колешката Александра им кажа дека за да се отвори таа просторија потребна е наредба од непосреден старешина. Бидејќи тогашниот началник беше повреден, колешката се двоумеше од каде да побара дозвола. Тогаш му се јави на Ѓошевски и кажа дека добила дозвола да ја отвори просторијата. Не слушнав точно што разговараат,сведочи Јовановска.

Сведокот истакна дека од четирите лица кои се претставиле дека е од УБК познава еден и тоа обвинетиот Оливер Радулов.

Обвинетиот Радулов ја запраша Јовановска од каде се познаваат на што таа одговори дека го, знае од факултетот за безбедност.

Судијката Добрила Кацарска даде десетминутна пауза по што судењето ќе продолжи со сведочење на пратеникот Зијадин Села.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он