Игор Југ го праша Вељаноски за албум на „Металика“: Дали политичарите беа господарите, а ние што скапуваме по затвори сме куклите?

Од:

Обвинетиот Јане Ченто, пред да му постави прашање на експретседавачот на Собранието, Трајко Вељаноски, рече дека некои калкулираат со човечки судбини за процесот за 27 април.

„Судот, а не политичките елити да донесе пресуда врз основа на факти и докази“, рече Ченто.

Потоа обвинетиот му постави неколку прашања на Вељаноски.

„Дали ќе се согласите со мене дека ако не беа отворени вратите на Собранието, народот немаше да влезе“, му рече Ченто.

Вељаноски рече дека не е повикан во својство на политичар, туку како сведок. Само потенцира дека Собранието има прв степен на заштита од МВР.

Обвинетиот Игор Југ го праша Вељаноски дали го знае албумот на „Металика“ со наслов „Master of puppets“ (Господар на куклите).

„Дали ќе се согласите дека на 27 април политичарите беа господарите, а ние што скапуваме по затвори сме куклите?“

Игор Југ во воведот на последното прашање рече дека тие се жртвените јагниња за собраниските настани.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески