(ВИДЕО) Ѓошева: Во Велес е укинат бесплатниот превоз за учениците

Од:

Невенка Ѓошева од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција упати обвинувања до градоначалникот Аце Коцевски кој, како што рече, спротивно од ветувањата дека ќе обезбеди бесплатен превоз за наставниците, го укинал и бесплатниот превоз за учениците и ги приклучил кон општинскиот превоз на патници.

„Иако градоначалникот ветуваше отворена и модерна општина за сите, истиот тој, без никакви претходни консултации со родителите на учениците, без да размисли за нивната безбедност, донесе одлука, учениците да се возат во јавен превоз,со изговор дека на тој начин ќе се заштедело. Господине Коцевски, не понудивте детална анализа за сите постоечки линии. Како ќе се превезуваат оние ученици од руралните средини каде нема линиски превоз?“, праша Ѓошева.

Таа додаде дека со оваа одлука, не само што се отежнува и усложнува превозот на учениците до нивните училишта, туку се става под знак прашалник и нивната безбедност.

„Тие слегуваат на најблиските, неадекватни постојки до нивните училишта, од каде треба да преминат по две или три улици за да стигнат до нивните училишта. Освен оддалеченоста, во прашање е времето на чекање. Почетокот и завршетокот на часовите на учениците не соодветствува со временските линии на општинскиот превоз. Тоа е уште една, дополнителна грижа за родителите на овие деца“, изјави Ѓошева.

Таа праша и како ќе се превезуваат учениците од населбите и населените места, каде нема општински линиски превоз. Од опозицијата повторија дека одлуките на седниците на Советот се носат во тотален медиумски мрак и далеку од очите на јавноста.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

Филипче: Во калта на Мицкоски нема да влегувам, ќе продолжам да го разобличувам

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го демантира Венко, пред една година славеше со Заев за францускиот предлог сега предлага „црвени линии“ за власт и спас на фотелјата во СДС

Филипче: Се откри грдото лице на оваа власт, правда за Кочани нема да има, ги заштитиле своите функционери

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас