Харадинај го предупреди Брисел за можна дестабилизација на Балканот

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај порача дека зачленувањето на Косово во Европската унија ќе го зајакне мирот и ќе го ослабне влијанието на Русија, чиј интерес е „да одржува хаотична ситуација во регионот“.

Во интервјуто за „Фајненшел Тајмс“, што го објави на својата Фејсбук-страница, Харадинај му порачува на Брисел дека треба да ги земе сериозно аспирациите на неговата држава за зачленување во ЕУ за да се избегне натамошната дестабилизација на Балканот.

Косовскиот премиер ја обвинува Србија дека дејствува во интерес на Русија во правец на дестабилизација на регионот.

– Веруваме дека Европа ни даде можност, односно патоказ за тоа како да станеме членки на ЕУ и за тоа сме благодарни, вели Харадинај во интервјуто за ФТ.

Тој ја обвинува Србија за дипломатската офанзива со цел да ја оспори државноста на Косово и оценува дека ниту лидерите на ЕУ не дадоа соодветен одговор на поплаките на Приштина за однесувањето на Белград.

– Додека ЕУ продолжува да инвестира во фондови и персонал за нормализирање на ситуацијата во Косово и во регионот, сите дејствија на Србија се против интересите на ЕУ за стабилизација на Западен Балкан и во полза на руските интереси за продолжување на оваа хаотична ситуација во нашиот регион, истакна Харадинај.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина