ВМРО-ДПМНЕ: Власта потроши 7 милијарди евра без да вложи денар во подобрување на квалитетот на воздухот

Од:

„СДСМ потроши 7 милијарди евра пари на граѓаните, без да вложи денар за намалување на аерозагадувањето, а сега безобразно и без срам бара донации од бизнисмените за борба против загадувањето на воздухот.

СДСМ нема план како да ја извади државата од црнилото во кое ја потона. Скопје со денови е најзагаден град во Европа и помеѓу десетте најзагадени во светот. Во европскиот врв на најзагадени градови се и Битола и Тетово, ништо почист не е воздухот ниту во Струмица, Кочани и Тетово. Едноставно кажано Македонија се гуши, а власта не презема ништо, ниту денар од 7 милијарди евра буџет од две последователни години не е инвестиран во подобрување на квалитетот на воздухот, па сега наместо мерки и проекти, власта бара донации од бизнисмените, кои веќе еднаш дале пари во буџетот преку даноците, пари од кои дел требало да завршат и за подобрување на квалитетот на воздухот.

Нивото на загаденост е неколкукратно над дозволеното, нивото на канцерогени ПМ10 честички е опасно по здравје.

Десетици граѓани секој ден ги полнат болниците ширум државата поради срцеви и белодробни проблеми како последица на загадувањето.

СДСМ наместо да троши пари на лубриканти, цвеќиња и кафе во износ од неколку милиони евра, треба да преземе мерки против загадувањето, кое е реален проблем за здравјето на граѓаните и животната средина.

ВМРО-ДПМНЕ предлага сет мерки, кои СДСМ треба да ги прифати и реализира за доброто на граѓаните.

1. Во услови на загаденост над Мерните дозволени концентрации, во тек над 7 последователни дена, да се овозможи бесплатен градски превоз, додека трае загадувањето.

2. Инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат во зимски услови 24 часа и јавно, секој ден со име и презиме, да ги обзнанат најголемите загадувачи и, согласно тоа, мерките кои ги презеле.

3. Да се чистат сите диви депонии, особено да се инспектираат секојдневно оние локации каде што се пали отпадот со намера и да се изречат казнени мерки.

4. Да се овозможи целосна бесплатна здравствена заштита, на граѓаните, посебно на децата и хронично болните, за кои е констатирано дека причината е загадувањето.

Црнилата не смеат да продолжат. Црнилото мора да си замине. СДСМ мора да си замине. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои се против овие црнила да се приклучат на протесниот марш во среда кој ќе започне во 17 часот од плоштад ВМРО и ќе се движи до владата на Република Македонија. За да им кажеме НЕ на црнилата. Да го испратиме СДСМ во историјата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата