Заев: Уставните измени ќе и помогнат на државата да го остави минатото и да оди напред

Од:

Уставните измени ќе и помогнат на државата да го остави минатото и да оди напред. Предложените амандмани го гарантираат правото на самоопределување, а јазикот останува македонски, потенцираше премиерот Зоран Заев на денешнава дебата за уставните измени, што се реализираше во Штип. Според него, Грција не подготвува анекс на Договорот во врска со јазикот, но повика на внимателност во реториката и во Грција и во Бугарија.

-Секој од нас треба да даде придонес и уверен сум дека вашите идеи исто така ќе дадат придонес, ова е шнаса, која треба да ја искористиме, за да Македонија ни оди напред, кон ЕУ и НАТо, рече Заев.

Тој забележа дека без разлика на политичкиот рејтинг за него и за неговата партија одлучил да се направат промените, кои можат да значат само подобра иднина за младите. Смета дека со уставните измени и со промената на името веќе никој нема да не оспорува, како држава, нација и напиот македонски јазик.

На денешнава дебата присуствуваа Маргарита Цаца Николовска, меѓународен судија во Босна и Херцеговина и Ѓорѓи Спасов универзитетски професор.

Според Цаца Николовска нема сомнеж дека Преспанскиот договор нуди подобра перспектива за Македонија. Смета дека уставната измена е потребна. Предлагаат да се прифатат амандманите со кои се зајакнува македонскиот идентитет. Се согласуваат Преспанскиот договор да стане уставна категорија, но не и да се споменува Уставот од 1991 година.

-Сметам дека во одредена ситуација посодветно или поопортуно, имајќи во предвид, целокупната содржина на Прогласот на првото заседание на АСНОМ е да се употреби терминологија, одлуки или акти на АСНОМ, кои се однесуваат за конституирање и удирање на темилите на македонската држава, без да се навлегува посебно во содржината на истите, вели Цаца Николовска

Професорот Ѓорѓи Спасов вели дека четирите амнадмани се кратки и јасни.

– Токму овие амнадмани, кои се вкупно четири и кои се сосема кратки и сосема јасни, кажуваат дека ништо важно и драматично не се менува во нашиот Устав, вели Спасов.

Од идеи споменикот Воин на коњ да се се пресели во Атина, до прaшања зошто НАТО се поврзува со подобар живот, до конкретни предлози за текот на амандманите, помина дисуксијата од страна на граѓаните. Заев е оптимист дека за гласање на уставните измени ќе го обезбедат потребното двотретинско мнозинство во Парламенот. Последната седница е закажана кон средината во јануари за уставните измени.

Премиерот и во Штип повтори дека доколку Грција не ги исполни своите обврски, односно не го усвои Договорот од Преспа и Протоколот за зачленување на Македонија во НАТО, во тој случај нема да стапат во сила ниту уставните измени.

Би можело да ве интересира

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Рокас повтори дека мора да се направат уставните измени за прогрес кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

Продолжувањето на пристапниот процес за Северна Македонија зависи од уставните измени за кои земјата се обврза порача Писонеро

Гаши: За да почнат уставните измени треба договор и политичка волја

Катерина Ѓуровски

Уставни измени, правосудниот систем и реформите поврзани со ЕУ, главни препораки во Извештајот на Европската комисија

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски