Општина Центар: Нови 4 решенија за отстранување на урбана опрема

Од:

Секторот за инспекции на Општина Центар продолжува со акцијата за отстранување на диво и нелегално поставената урбана опрема на територија на општината.

Општина Центар издаде нови 4 решенија на правни лица за отстранување на урбана опрема (метални застаклени и незастаклени настрешници, доградби на објекти). Со издавањето на овие решенија, општината остава во законски предвидениот рок правните лица сами да ја отстранат диво поставената опрема, во спротивно по истекувањето на рокот, општината ќе ги отстрани истите.

Општина Центар и градоначалникот на општината, Саша Богдановиќ, упатуваат апел до правните лица кои поставуваат урбана опрема на јавна површина, да ја соберат потребната документација, да се придржуваат до правилата за поставување на урбана опрема и да ги почитуваат одредбите пропишани во Законот за градење.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски