Намачкано на крекери или препечен леб, едноставно неодоливо…
Потребно е:
6 тенко исечени парчиња панцета
малку рузмарин
1 китка магдонос
3 чешниња лук
1 рака ф’стаци
1/2 китка босилек
1 лимон
пекорино сирење, изрендано
пармезан, изрендан
Подготовка:
– Парчињата панцета испржете ги со рузмарин во тава на рингла на средна температура додека да станат крцкави.
– Во аван ставете го лукот и листовите магдонос и со кружно движење измелете ги.
– Додадете сок од лимон, а потоа и босилекот и бланшираните и излупени ф’стаци. Повторно убаво истолчете.
– На крај додадете ги изренданите сирења и зачинете со сол и бибер. Измешајте.