Бразилскиот претседател Мишел Темр изјави дека постигнал договор со гувернерот на државата Рораима, Суели Кампос, за федерална „интервенција” во бразилскиот регион што граничи со Венецуела.
Темер синоќа соопшти дека тој и гувернерот дошле до заклучок дека мирна интервенција ќе биде најдобриот начин за смирување на ситуацијата во Рораима, каде голем број мигранти од Венецуела влегоа во изминатите месеци.
Засега не е познато што подразбира таа интервенцијата.