Во Меморијалниот центар на холокаустот на евреите од Македонија утре предавања ќе одржи д-р Елизер Папо, директор на Центарот за ладино култура „Моше Давид Гаон“ при Универзитетот „Бен Гурион“ во Бер Шева, Израел.
Папо, е признат истражувач, преведувач, лингвист и професор во светски рамки, а ова е негово прво гостување во Меморијалниот центар на холокаустот на евреите од Македонија. Тој ќе одржи две предавања, првото е на тема „Сефарди: Портрет во неколку потези“, а второто е насловено „Вовед во еврејската света книжевност“.
Овие предавања се отворени за сите кои се заинтересирани за сефардската култура и традиција, а се во рамки на одбележување 70 години од депортацијата на евреите од Македонија во логорот на смртта Треблинка .